Достапни линкови

logo-print

Романија ја поддржува позицијата на Грција во однос на Македонија


Романскиот претседател Трајан Басеску, кој престојува во дводневна посета на Грција, по денешната средба со грчкиот претседател Каролос Папуљас, изјавил дека Романија ја поддржува позицијата на Грција во однос на Македонија, јавија романската агенција Аџерпрес и електронското издание на грчкиот весник Етнос. Романија ја поддржува позицијата на Грција во однос на Поранешната југословенска република Македонија и смета дека принципот на добрососедство е задолжение на сите земји, не само на членките на ЕУ, туку и на оние кои не се членки, рекол Басеску по средбата со Папуљас.
XS
SM
MD
LG