Достапни линкови

Премиерот на Федерацијата на БиХ си поднесе оставка


Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина Неџад Бранковиќ денеска поднесе неотповиклива оставка на функцијата. Бранковиќ во оставката наведува дека на тој чекор се одлучил бидејќи неможе да одговори на обврските без политичка поддршка од оние кои што го кандидарале за позицијата. Неговата оставка доаѓа ден откако Сулејман Тихиќ повторно беше избран за претседател на Партијата за демократска акција, а кој претходно веќе побара од Бранковиќ да си поднесе оставка.
XS
SM
MD
LG