Достапни линкови

Повторно евакуирана зградата на Европската Комисија


Ден откако по минатонеделниот пожар беше отворена зградата на Европската Комисија, денеска персоналот бил повторно евакуиран откако се огласил противпожарниот аларм. Во зградата истекол млаз топла вода, за време на поправка на пумпа. Агенциите јавуваат дека едно лице, техничар, се здобил со изгореници и е хоспитализиран. Алармот се огласил во моментот додека претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо држел прес-конференција.
XS
SM
MD
LG