Достапни линкови

30 лица загинаа во нападот во пакистанскиот град Лахоре


Бројот на загинати во денешниот самоубиствен напад со автомобил бомба во пакистанскиот град Лахоре, се искачи на 30, а повредени се скоро 300 луѓе. Нападот се случил во област каде што се наоѓала полициска станица и владини преставништва, кои од силната експолизија се уништени. Полицијата уапсила две осомничени лица. Сеуште никој не ја презел одговорноста за нападот, а пакистанските власти се сомневаат дека станува збор за одмазнички напад поради акцијата во Северозападен Пакистан против талибанските бунтовници.
XS
SM
MD
LG