Достапни линкови

Проблемите меѓу србите и албанците во Прешево и во Бујановац траат со години, иако во 2002-ра година претставници на двата ентитета потпишаа договор за заедничко учество во локалните и во државните органи. Од реализацијата на тој договор, нема ништо.

Србите и албанците од јужна Србија, поточно во Прешево и во Бујановац, сеуште не успеваат да се договорат за учеството во локалните органи на власт. Србите ги обвинуваат албанците дека не сакаат да им понудат места во општинските администрации, а албанците пак велат дека во државните институции на Србија речиси и да нема албанци.

Проблемите меѓу србите и албанците во Прешево и во Бујановац траат со години, иако во 2002-ра година претставници на двата ентитета потпишаа договор за заедничко учество во локалните и во државните органи. Од реализацијата на тој договор, нема ништо. СРбите имаат серија забелешки за рабоатата на локалните власти во Прешево и во Бујановац. Петар Величковиќ, претседател на Одборот за човекови права во Бујановац набројува:

Директно кршење на членот 10 од Уставот на Србија, кој ги обврзува сите државни институции на употреба на јазикот. Непочитување на Република Србија во некои општини при вадењето на некои документи. Мислам дека, доколку државата продолжи да не ги спроведува своите ингеренции, во Бујановац ќе има слична ситуација како на Косово.


Албанците велат дека обвинувањата од страна на србите не се точни. Шаип Камбери, претседател на Собранието на општина Бујановац, вели дека сите документи се пишуваат двојазично, а изнесува и податоци за националната структура на вработените во општинските институции.

Вработени 709. Албанци 242, Срби 506, Роми 35, останати 7. Во државните институции во пчињскиот округ, од 764 вработени, Албанци се 160, а Срби 597.

Камбери додава дека е многу тешко да се соработува со претставниците на српските политички партии во Бујановац. Како и да е, недовербата меѓу двете заедници на југот на Србија трае со години. Претседателот на Координативното тело за југот на Србија Милан Марковиќ, во изјавата за Радио Слободна Европа, оценува дека формирањето на мулти-етничка власт во тие општини е основна претпоставка за мир и стабилност во тој регион.

Нема дилема дека претходните времиња оставија одредени последици врз ситуацијата, а има и одредени нелогичности. Но, наместо да ги решаваме проблемите, сега дојдовме во уште полоша ситуација, бидејки во Прешево и во Бујановац има едно-етничка власт. Исто би реагирале и доколку се само србите на власт.

Риза Халимир, член на истото Координативно тело, смета дека таквата изјава на министерот Марковиќ е неприфатлива.

Јас сум разочаран од министерот Марковиќ поради ставовите што ги изнесе. Ние ќе го преиспитаме нашето натамошното учество во Координативното тело за јужна Србија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG