Достапни линкови

Македонија без странски инвестиции


Зградата на ЕВН
Зградата на ЕВН

Според експертите, главна причина за отсуството на странски инвестиции е светската економска криза. Сепак, велат тие причини плус се и односот на владата кон оние кои веќе инвестирале, како и меѓународната позиција на земјата.

Освен светската економска криза и политичката клима и правниот систем се едни од причините зошто Македонија има проблеми со странските инвеститори, се согласуват експертите. Дел од постоечките странски инвеститори си одат, а оние кои најавиле свои инвестици не доаѓаат. Тоа што Македонија не е дел од НАТО и ЕУ, тоа што односите со ММФ се топло-ладно, а Владата има спор со ЕВН, дополнително ја отежнува ситуацијата, објаснува поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини.
Сите штедат, односно ги одлагаат проблемите, инвестициите за некоја иднина, кога ќе имаат јасна слика за тоа што можат да преземат и какви ќе бидат условите за работа во тоа време. Денес, несигурноста прави фондовите да не се планираат никаде, ниту кај нас ниту во странство


„Едноставно, нема интерес за инвестирање во Македонија, а причина е односот на владата кон странците, не само кон инвеститорите, туку и на политички план, како и одбивањето да се соработува со ММФ.“

Професорот Зоран Ивановски вели дека вистината е некаде на средината, односно дека сите фактори влијаат на одлуката странските инвеститори да се повлекуваат. Но дека сепак економската криза зема замав, па затоа инвеститорите се резервирани.

„Некои сеуште претпазливо очекуваат да видат каква ќе биде расврската. Во Македонија се повеќе се чувствува притисокот на кризата.“

Нема елементи за размислување дека има политички причини кои влијаат на странските инвеститори да ги повлекуваат своите инвестиции, најмногу влијае економската криза кои ги прави претпазливи , објаснува професорот Мирољуб Шукаров.

„Сите штедат, односно ги одлагаат проблемите, инвестициите за некоја иднина, кога ќе имаат јасна слика за тоа што можат да преземат и какви ќе бидат условите за работа во тоа време. Денес, несигурноста прави фондовите да не се планираат никаде, ниту кај нас ниту во странство.“

Поради светската економска криза, откажана е инвестицијата и на француската компанија „Монтипе„ која требаше да гради фабрика за производство на резервни делови за автомобилската индустрија во зоната Бунарџик .
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG