Достапни линкови

Металопроизводителите не ги чувствуваат анти кризните мерки


Металопроизводителите не ги чувствуваат владините анти кризни мерки, кои според нив биле наменети за малите фирми. Експертите велат владата треба да најде начин да им помогне и на големите фирми

Металопроизовдителите за сега не ги чувствуваат ефектите од новиот пакет антикризни мерки. Од стопанската комора тврдат дека новиот пакет владини мерки за борба против последиците од светската економска криза најмногу ќе им помогне на малите и средните претпријатија. Директорката на секторот за металургија при Стопанската комора на Македонија Стоимирка Тасевска вели дека
Значи, во врска со анти кризните мерки за фирмите од металургијата не се гледа некоја конкретна помош со анти кризните мерки, ако знаеме дека металургијата прва го почувствува негативниот ефект од кризата. Анти кризните мерки се однесуваа најмногу за малите и средни фирми
металопроизводителите за сега не чувствуваат владина поддршка.

„Значи, во врска со анти кризните мерки за фирмите од металургијата не се гледа некоја конкретна помош со анти кризните мерки, ако знаеме дека металургијата прва го почувствува негативниот ефект од кризата. Анти кризните мерки се однесуваа најмногу за малите и средни фирми.“

Тасевска додава дека фактот што металопроизводителите, како големи потрошувачи на електрична енергија сами си увезуваат струја не е главниот проблем на овие компании.

„И порано сме увезувале струја, и сега увезуваме, така што тоа воопшто не е проблем, ако гледаме на анти кризните мерки.“

Запрашани дали владините антикризни мерки не ги опфатија металопроизводителите, од Министерството за финансии одбиваат да коментираат.

Упатените сметаат дека Владата треба да им посвети внимание на овие компании. Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи вели дека Владата треба да најде начин да им помогне на големите фирми без премногу да се меша

„Значи, да се види тоа што е во домен на државата каде што може да олесни нешто, да отстранат одредени бариери.“
Значи, да се види тоа што е во домен на државата каде што може да олесни нешто, да отстранат одредени бариери


Хаџимустафа посочува дека во услови на висок трговски дефицит единствено не може да се смета на субвенционирање

„Директно субвенционирање не се препорачува, особено кај нас каде што имаме проблем со дефицит на тековната сметка. Не можеме премногу да одиме со субвенционирање и да ни се зголемат расходите во буџетот, кога веќе и така сме кнап.“

Инаку податоците на Државниот завод за статистика покажуваат пад на индустриското производство за 4,8 отсто во март годинава, во споредба со март минатата година. Статистичките податоци исто така покажуваат намалување на обемот на стоковната размена на Македонија за 33,5 отсто во периодот од јануари до март годинава.
XS
SM
MD
LG