Достапни линкови

Можни ли се меѓуетнички коалиции?


Претседателот на ДПА Мендух Тачи
Претседателот на ДПА Мендух Тачи
Опозицијата, генерално, нема ништо против создавање предизборни коалиции меѓу партиите на Македонците и на Албанците. Поранешниот премиер и сегашен пратеник на СДСМ Владо Бучковски смета дека создавањето предизборни меѓуетнички коалиции е
Времето полека созрева, на некои идни парламентани избори да настапат заеднички коалиции на Македонците и Албанците. Така што, иако идејата што вчера ја спомена Тачи е во зачеток јас не би ја отфрлил како можна варијанта во некое идно време
добра идеја. Тој вели дека му понудил на Али Ахмети, во 2006 година, СДСМ и ДУИ да настапат заеднички на изборите, а Ахмети да биде носител на коалиционата листа во шестата изборна единица. Ахмети не ја прифати идејата не затоа што сметаше дека не е добро, туку зашто сметаше дека е прерано и дека некои работи не смеат да се форсираат пред да созреат околностите во нашата држава, вели Бучковски.

„Времето полека созрева, на некои идни парламентани избори да настапат заеднички коалиции на Македонците и Албанците. Така што, иако идејата што вчера ја спомена Тачи е во зачеток јас не би ја отфрлил како можна варијанта во некое идно време.“

Пратеничката Роза Топузова Каревска вели дека, ако создавањето меѓуетнички предизборни коалиции придонесе за забрзување на евроинтеграциите на земјава, нема ништо против тоа. Таа, сепак, смета дека е подобро коалицирањето да биде постизборно.

„Сметаме дека е најдобро секој да излезе сам на избори, а потоа оние партии или коалиции кои од македонскиот и албанскиот блок имаат блиска програма би требало да направат коалиција, со јасно поставени цели и задачи и тие заемно да се
Што се однесува до идејата за предизборни коалиции, за тоа господинот Тачи ќе треба да почека до следните избори, кои не се за скоро време. Рано е за тоа, наредните избори се 2012
почитуваат.“

Пратеникот Џевад Адеми од ДУИ вели дека, во моментов, е испочитувана волјата на мнозинството граѓани Албанци и Македонци. Адеми вели дека идејата за создавање меѓуетнички предизборни коалиции е интересна, но, се уште, е рано да се разговара за тоа. Во таков случај има опасност, во власта да влезе партијата што ги изгубила изборите во албанскиот или во македонскиот блок. Сепак, може да се разговара и да се доработува таа идеја, вели Адеми.

„Што се однесува до идејата за предизборни коалиции, за тоа господинот Тачи ќе треба да почека до следните избори, кои не се за скоро време. Рано е за тоа, наредните избори се 2012.“

Претседателот на ДПА Мендух Тачи, вчера, најави дека ќе понуди договор, според кој Македонците и Албанците во владата ќе учествуваат како рамноправни партнери што ќе спроведуваат заедничка програма. Партиски извори од ДПА брифираат дека тоа ќе значи создавање предизборни коалиции меѓу партиите на Македонците и на Албанците, кои заеднички ќе ја побараат довербата од граѓаните. Тачи најави дека ќе разговара со опозицијата од македонскиот политички блок за да оцени дали таа сериозно мисли да го затвори прашањето меѓу Македонците и Албанците или блефира за политички поени.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG