Достапни линкови

За визната либерализација на 15-ти јуни


Одлуката за укинување на визите за земјите од Западен Балкан ќе биде донесена на идниот состанок на шефовите на дипломатиите на државите- членки на ЕУ на 15-ти јуни во Луксембург, јави австриската новинска агенција АПА. Реално е дека граѓаните на „една до три земји“ кон крајот на оваа или почетокот на идната година ќе бидат ослободени од визи, изјави за агенцијата неименуван дипломат од Европската унија, пренесе Танјуг. Според него, во моментот се водат дискусии дали ќе биде применето т.н. решение „во пакет“ или одделно. Засега е речиси сигурно дека на Македонија ќе и биде укинат визниот режим, а добри шанси имаат и Србија и Црна Гора, додава АПА.
XS
SM
MD
LG