Достапни линкови

logo-print

Меѓународен филмски фестивал Астерфест


Вечер во Струмица ќе биде отворен петтиот меѓународен филмски фестивал „Астер фест“. На фестивалот, кој се одржува под мотото „Источни приказни“ и ќе трае до недела, ќе бидат прикажани 50 документарни и краткометражни филмови од повеќе земји од Европа, Америка и од Азија. Во рамките на манифестацијата ќе бидат доделени традиционалните награди златна, сребрена и бронзена потковица за најдобрите три документарни филмови.
XS
SM
MD
LG