Достапни линкови

Македонија на добар пат за визна либерализација


Република Македонија ги исполни критериумите од Патоказот и е на добар пат да ја оствари целта за безвизен режим за што конечна одлука ќе донесат државите-членки на Европската Унија. Ова го изјави потпретседателот на Европската комисија Жак Баро на средбата со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска во Брисел, соопшти македонското Министерство за надворешни работи. Баро како што соопштува МНР и поздравил резултатите во областите на правда и внатрешни работи, реформите во полицијата, правосудството и борба против корупцијата. Милошоски изјавил дека Македонија очекува започнување на процедурата за укинување на визите врз основа на индивидуалниот пристап, и безвизен режим до крајот на годинава, се додава во соопштението.
XS
SM
MD
LG