Достапни линкови

Нова масовна гробница откриена во БиХ


Нова масовна гробница која веројатно ги содржи останките на околу триесетина жртви на масакрот во Сребреница, извршен на крајот од војната во Босна и Херцеговина e пронајдена во реонот на Источна Босна. До моментот ги ексхумиравме останките на девет лица, но очекуваме да ги откриеме останките на најмалку дваесет жртви, изјави портпаролот на босанската комисија за исчезнати лица Лејла Ченгиќ. Масовната гробница била откриена во селото Мршиќи, западно од Сребреница.
XS
SM
MD
LG