Достапни линкови

„Бела чума“ во Битола


Широк Сокак - Битола

Широк Сокак - Битола

Во Битола почнува да се бележи намалување на бројот на склучени бракови, а со тоа и на наталитетот. Неколку битолски општини веќе се вборени во редот на критични, поради намалувањето на бројот на жители, мал природен прираст, стареење и изумирање на населението, а и одлив на населението во Скопје.

Опаѓа бројот на бракови во Битола, а расте бројот разводи, покажуваат официјалните податоци од Заводот за статистика. Пресудна година за ваквиот надолен тренд е 1997, кога во градот пукна познатата афера ТАТ. Губењето на милионските заштеди на граѓаните во штедилницата, поточно економскикот банкрот, придонесоа да се одложат браковите за некои подобри времиња. Ако до тогаш имаше по илјада свадби годишно, на почетокот на овој милениум по 800, сега ги има одвај 600. Поразувачки е податокот дека само 4 проценти од вкупните склучени бракови на ниво на држава се евидентирани во вториот град по големина Битола. Бројот на разводи, пак, се движи околу 50 тина годишно. Ова влијае и врз раѓањето деца. За една деценија нив ги има за 500 помалку. Ваквите состојби ја
Проблем се јавува исто така во последно време по однос на морталитетот бидејќи бројот на починатите се зголемува од година во година се повеќе
загрижуваат и црквата. Владиката Петар вели:

„Со жалење констатираме дека крштевките се многу намалени во оваа преспанско-еплагониска епархија, а тоа е како последица на многу малку брачни заедници. Исто така голем е бројот на оние кои остануваат немажени и неженети. Неженетите се претежно по селата, немажени девојки имаме по градовите.“

вели владиката.
Битола е сардисана од белата чума или феноменот на стареење на населението. Но, од истата болест боледува голем дел од
Со жалење констатираме дека крштевките се многу намалени во оваа преспанско-еплагониска епархија, а тоа е како последица на многу малку брачни заедници
Пелагонискиот регион, покажуваат податоците од последниот одржан Симпозиум за депопулација во Битола.Концентрацијата на населението е најголема во скопскиот, а згаснувањето најизразено во пелагонискиот регион. Од 340 населени места дури 77 проценти се раселени места или селца што поради малиот број на млади лица, а уште помалку на новороденчиња, се во редот на критични населби. Особено во изумирање се општините Новаци и Демир Хисар. За ваквата слика придонесува и се поголемиот број на смртни случаи во регионот. Болничките податоци говорат дека во битолската болница секојдневно се евидентира по еден новозаболен од рак. Презастапени се и болестите на кардиоваскуларниот систем.

„Проблем се јавува исто така во последно време по однос на морталитетот бидејќи бројот на починатите се зголемува од година во година се повеќе. Моментално можеме да речиме дека имаме повеќе смртност отколку раѓање на деца што не беше тоа случај пред десетина години.“

додава владиката преспанско пелагониски Петар. Група битолски интелектуалци, а пред се демографи, пред повеќе од година дена доставија свое барање до надлежните министерства за отворање на Демографски институт во Битола. Целта е тој да ги пручува состојбите поврзани со наталитетот и да изнајде можни решенија. Но, досега не добиле одговор за покренатата иницијатива.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG