Достапни линкови

Засега нема укинување на кривичното дело клевета и навреда


Скопје
Скопје

Дали ќе се укине кривичното дело клевета и навреда, поради кое најмногу новинарите завршуваат на суд? Експертите тврдат, законот не треба да се укине, но да се поништи затворската казна и да се намалат паричните казни.

Повеќе од триесет закони од различни области на правото ќе се донесат во рамките на Нацрт-стратегијата, која ја најави министерот за правда Михало Маневски. На новинарското прашање дали ќе се укине кривичното дело клевета и навреда, поради кое голем дел новинари се нашле на суд, одговори дека е во консултации со ЗНМ. Одтаму велат дека се обиделе да издејствуваат укинување на законот.. Но од Министерството не се сложиле, затоа што овој закон сеуште се практикува во Европа.. Бидејќи во кривичното дело за клевета и навреда не важи пресукцијата на невиност Газмент Адини од ЗНМ вели дека тие бараат, судот да им помогне на обвинетите.

„Побаравме да се вметне нова одредба во која ќе се заложи судот по службена должност, да помогне, да асистира односно да ги побара документите кои што би ги потврдиле наводите, односно што новинарите го имаат искажано.“

ЗНМ сметаат и дека пренесувањето на изјавите од прес конференција не треба да спаѓа во клевета и навреда. Но и дека паричните
Ако се инститира на останување, тогаш бараме на многу подециден начин да се објасни во кои ситуации се казнува
казни треба да се намалат и да се поништи затворската казна.

„Ако се инститира на останување, тогаш бараме на многу подециден начин да се објасни во кои ситуации се казнува. Зборот потешки последици, да се смени со последици по животот и потешки последици по здравјето на луѓето.“

Кривичното дело клевета и навреда пости во повеќе демократски земји. Овој закон мора да се спроведува, за да можат некако да се заштита луѓето.вели професорот по кривично право Осман Кадриу.

Преку овие кривични дела покрај другото се штити и личноста на човекот, се штитат моралните вредоности на човекот. Затоа што во одделни случаи, кога навистина се измислуваат некои работи со кои се повредува моралните вредности на една личност, тој мора да бара правна заштита.“

Професорот се сложува со ЗНМ дека казните се несоодветни и е против затворската казна.

„Затворската казна за овој вид на кривични дела не е примерна и не треба да се оди до тој степен на кривично-правна одговорност, туку е доволно и кривична санкција во пари.“

Освен новини во законот за клевета и навреда министерството најави најмногу промени во судството, адвокатурата, граѓанското и казненото право.
XS
SM
MD
LG