Достапни линкови

2,5 милиони бегалци во Пакистан


Скоро два и пол милиони луѓе се раселени поради борбите меѓу пакистанските безбедносни сили и бунтовниците во северозападен Пакистан, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на ОН. Во меѓувреме Хјуман Рајтс Воч предупреди за можноста од ,,хуманитарна катастрофа“ поради недостатокот од храна и лекови и побараа од пакистанските власти итно да го укинат полицискиот час, за населението да може да ја напушти воената зона. Се верува дека околу 200 илјади цивили сеуште се наоѓаат во Долината Сват каде што се водат битките.
XS
SM
MD
LG