Достапни линкови

logo-print

Извозот преполовен, дефицитот расте


Скопје

Скопје

Македонскиот извоз е преполовен во првиот квартал од годинава, а трговскиот дефицит продолжува да расте. Аналитичарите сметаат дека делумно причина е глобалната криза, но и други проблеми

Глобалната криза е причина за намалениот извоз на македонски производи во странство, тврдат дел од домашните извозници. Аналитичарите, од друга страна, тврдат дека кризата не е единствена пречка при пласманот на македонските полупроизводи и производи на странските пазари.

Боби Учета од секторот за набавки при „МЗТ Леарница“ вели дека производите на нивната компанија не се скапи, но и покрај тоа побарувачката е намалена за речиси 70 отсто

„Помала побарувачка, полни складишта на нашите купувачи. Значи и она што се нарачува се нарачува во помали количини. Ако
Да, глобалната криза е делумно одговорна за намалениот извоз - но само делумно. Македонија не ги искористи последниве 20 години за да се модернизира. И сега со стари машини, погрешно знаење за менаџмент, недостаток на маркетинг и лош дизајн, очигледно е дека овие компании немаат влез на светските пазари
порано нарачувале по цели камиони, сега по два три продукти.“

Учета смета дека проблемот при извозот не настанал поради цените на производите

„Ние имаме коректни услови и можности овде. Нас главна суровина ни е од Митал Стил, на еден километар.“

Аналитичарите од друга страна велат дека кризата не е единствена кочница на Македонскиот извоз. Аналитичарот Сем Вакнин смета дека за поуспешен извоз потребно е модификување на стратегијата за извоз на македонските извозници

„Како и да е македонските извозници имаат дополнителни проблеми кои се карактеристични за земјите во развој. Најпрвин, македонските производи се скапи. Спротивно на изјавите на извозно ориентираните производители, голем број на македонски полупроизводи и производи се многу скапи и како резултат не се конкурентни на меѓународните пазари.“

Меѓу останатите проблеми на македонските извозници Вакнин ги потенцира застарените технологии за производство, производи кои не ги задоволуваат желбите на странските клиенти како и застарени техники на менаџирање и маркетинг

„Да, глобалната криза е делумно одговорна за намалениот извоз - но само делумно. Македонија не ги искористи последниве 20 години за да се модернизира. И сега со стари машини, погрешно знаење за менаџмент, недостаток на маркетинг и лош дизајн, очигледно е дека овие компании немаат влез на светските пазари“

Инаку во првите три месеци извозот е речиси преполовен, а трговскиот дефицит продолжува да се зголемува и само за првите три месеци од годинава тој достигна ниво од 620 милиони долари.
XS
SM
MD
LG