Достапни линкови

Визите ќе бидат укинати


Вице премиерот Ивица Боцевски
Вице премиерот Ивица Боцевски

Вице премиерот Ивица Боцевски е уверен дека догодина македонските граѓани без визи ќе патуваат во ЕУ. Аналитичарите се согласуваат и додаваат, прашање е само дали ќе бидат укинати визите и на Србија и Црна Гора

Визите за македонските граѓани ќе се укинат, уверува вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски.

„Сите дадени изјави во минатиот период укажуваат дека оние кои ќе се квалификуваат ќе добијат визна либерализација.“

Боцевски очекува дека од почетокот на наредната година, македонските граѓани ќе може да патуваат без визи во земјите од Европската
Сите дадени изјави во минатиот период укажуваат дека оние кои ќе се квалификуваат ќе добијат визна либерализација
унија.

„Очекуваме кон крајот на јуни или почетокот на јули ЕУ да излезе со предлог за промена на законодавството, којашто потоа треба да го помине советодавното мислење на парламентот и на крајот некаде есенва да биде усвоено од Советот. Така што, вчера започна процедурата според најавите, и очекуваме дека од почетокот на 2010 Шенгенскиот ѕид ќе падне за граѓаните на Република Македонија.“

Земјите-членки на Европската унија вчера го примија мислењето на Европската комисија за реформскиот напредок на земјите од регионот, но одлучија да го презакажат состанокот за 2. јуни.

Професор Мерсел Биљали вели дека во Европската унија има дилеми дали визното олеснување да се дава поединечно, на земјите кои ги исполнуваат критериумите или укинувањето на визите да биде за група земји.

„Додека ова прашање не се расчисти мислам дека е тешко да добиеме конечно известување. Мислам дека и тие самите тоа го немаат расчистено. Има две струи, како резултат од силното лобирање на Србија и Црна Гора.“

Потпретседателот на Европската комисија Жак Баро, синоќа, соопшти дека „најбрзо што е можно“, ќе предложи укинување на визите за
Во случајот Македонија не е проблем. Проблемот е дали ќе се овозможи визна либерализација само на Македонија или ќе се вклучат уште една или две држави затоа што станува збор за пет држави
патување во Европската унија „за граѓаните на оние земји од Западен Балкан што ги исполнуваат условите“. Во соопштението од Баро се наведува дека на земјите членки им се доставени дополнети оценки за спроведувањето на патоказот за укинување на визите за Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија и за Босна и Херцеговина.

Политикологот Владимир Божиновски од Институтот за демократија, сепак, смета дека одложувањето на состанокот на Европската комисија не е поради Македонија. Македонија во секој случај ќе добие укинување на визите, вели Божиновски, но сега треба да се одлучи дали визите ќе се укинат и за граѓаните на Црна Гора и на Србија.

„Во случајот Македонија не е проблем. Проблемот е дали ќе се овозможи визна либерализација само на Македонија или ќе се вклучат уште една или две држави затоа што станува збор за пет држави. Албанија и БИХ се комплетно исклучени, затоа што не задоволуваат ниту еден критериум, додека Србија и Црна Гора се на половина пат. Треба да се одлучи само дали и Србија и Црна Гора ги исполниле условите.“

Според извештајот што го објави ЕСИ Македонија предничи во исполнувањето на условите за укинување на визите, а Србија и Црна Гора добро напредувале кон целта. Албанија и Босна и Херцеговина засега не ги исполнуваат условите за укинување на визите. Европската комисија вчера се огради од извештајот и нагласи дека тоа се проценки на невладините организации.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG