Достапни линкови

logo-print

Курдската Работничка Партија е за мир со Турција


Лидерот на терористичката Курдска работничка партија, Мурат Карулајун, во интервју за лондонски „Тајмс“, ја повика Владата во Анкара да стави крај 25-годишниот воен судир. Карулајун вели дека е подготвен да се откаже од досегашната заложба за создавање на независна држава на Курдите, доколку турските власти прифатат оддржување на мировни преговори мирно решение за курдското прашање, во рамките на државата Турција.. ПКК веќе 30 години се бори за создавање независна курдска држава, што би се простирала во регионот Курдистан, кој е поделен меѓу Турција, Ирак, Иран и Сирија. Весникот наведува дека во Турција живеат околу 12 милиони Курди, во Ирак околу пет милиони, додека помалку курдско население има во Иран и во Сирија. Станува збор за мировна понуда која може да предизвика „историска пресвртница“ во целиот тој регион, пишува весникот, објаснувајќи дека и САД посакуваат стабилизација на односите меѓу Турција и властите во Багдад, што сега се прилично оптоварени со прашањето на Курдите кои имаат политичка автономија во северен Ирак.
XS
SM
MD
LG