Достапни линкови

Консултации за визната либерализација на Западен Балкан


Земјите членки на ЕУ од денеска ги почнуваат консултациите за извештајот на Европската комисија за исполнување на условите за визна либерализација за државите од Западен Балкан - Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. Европската комисија соопшти дека извештајот вчера им е доставен на 27. членки. Од нивното мислење и времетраењето на консултациите ќе зависи дали ЕК уште во јуни ќе може да даде предлог за укинување на визите. Потпретседателот на ЕК и комесар за правда и внатрешни работи Жак Баро најави дека откако ќе ги добие мислењата во најкус можен рок ќе препорача укинување на шенгенската визна бариера за земјите кои ги исполниле условите.
XS
SM
MD
LG