Достапни линкови

Ирак е подготвен да се грижи за безбедноста


U.S. -- General David Petraeus in RFE/RL interview; Prague, 24May2009

U.S. -- General David Petraeus in RFE/RL interview; Prague, 24May2009

Една од главните теми во Вашингтон деновиве е затворањето на Гвантанамо и напуштањето на техниките на испитување на затворениците. Шефот на американската централна команда генерал Давид Петреус вели дека затворањети на одговорен начин ке помогне во целокупната борба против екстремистите во Ирак и Авганистан и ке испрати порака во светот за американската посветеност кон Женевската конвенција и третманот на затворениците. На сите нивоа се бара начин како легално да се заврши приказната со Гвантанамо и како правно да се реши статусот на затворениците, вели генерал Петресус.
Се бара начин како легално да заврши приказната на Гвантанамо и како да се реши статусот на затворениците


Што се однесува до Ирак 20 јуни е крајниот рок за повлекување на американските војници од ирачките градови. Генерал Петреус на прашањето дали ирачките сили се подготвени да ја превземат безбедноста на градовите во свпои раце вели дека и досега некои места и провинции се предавани во рацете на ирачките сили.

“Многу е битно да се каже дека и покрај трагичните загуби инциденти, бомбашки напади, нивото на насилство е драстично намалено. Тоа е намалено од 160 напади дневно на 10 – 15 во последниве 5 до 6 месеци”

За воените операции во Пакистан каде во изминативе месеци вом долината Сват беше засилена актвноста на милитантите Генерал Петреус вели.

“Секако дека пакистанските сили многу агресивно ја продолжуваат кампањата во северозападните гранични области и племенските подрачја. И тоа е уникатно по нападите врз Америка на 11 септемвери. Тоа е добро за Пакистан, која, ако се спореди со талибанците, е модерна држава толерантна со религиите а не како оние ултра конзервативци и екстремисти кои им кажуваат на луѓето како ќе се молат или како да се женат, каква музика да слушаат и како да живеат”.

Екстремизмот во Пакистан и Авганистан, вели генерал Давид Петреус шеф на централната американска команда за Радио Слободна Европа, е заедничка регионална закана. Таа може да се победи со партнерство со земјите од регионот, при што и Русија сега е позитвно настроена во тоа движење и заштта на границите.
XS
SM
MD
LG