Достапни линкови

Осудена нуклеарната проба во Сверна Кореја


Советот за безбедност на Обединетите нации ја осуди нуклеарната проба во Северна Кореја и одлучи да подготви нова резолуција во врска со нуклеарните активности на Пјонгјанг. Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин, чија земја претседава во Советот, рече дека членките констатирале оти Северна Кореја ја прекршува претходната резолуција, а американската амбасадорка Сузан Рајс побара новата резолуција да биде остра кон прекршителите. Вонредната седница на Советот за безбедност се одржа на барање на Јапонија. Претходно речиси целата меѓународна заедница го критикуваше овој потег на Севернокорејските власти.
XS
SM
MD
LG