Достапни линкови

Во Љубљана именувана улица по Тито


Градските советници во Љубљана на вчерашната седница со мнозинство гласови одлучија да именуваат улица по поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито. Во образложението на комисијата за именување улици, меѓу другото е наведено дека „историските имиња и именувања по таква личност не смееме да ги избегнуваме“. Дел од советниците се противеа со образложение дека Тито е персонификација на авторитарниот режим. На вчерашниот ден, 25-ти мај, во поранешна Југославија се славеше Денот на младоста, односно Титовиот роденден.
XS
SM
MD
LG