Достапни линкови

Прв конгрес на Партијата на Македонците во Србија


Демократската партија на Македонците во Србија вчера го одржа првиот конгрес во Пландиште, Војводина. На Конгресот е усвоен извешај за работата за изминатиот четиригодишен мандат и за претседател на партијата повторно е избран Драган Велковски од Нови Сад. На Конгресот присуствуваа педесет делегати од околу триесет општини во Србија, како и гости од повеќе политички партии во Србија. Демократската партија на Македонците во Србија има 10.000 члена.
XS
SM
MD
LG