Достапни линкови

Регистрирани 300 земјотреси во Валандовско


Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека серијата земјотреси во Валандовско продолжиле и денеска, со што од 23 мај досега се регистрирани над 300 земјотреси од кои 60-тина се почувствувани. Најсилните земјотреси биле со јачина од пет степени според Рихтеровата скала. Нема повредени, а предизвикана е само материјална штета на објектите. Денеска во посета на неколку села во Валандовско каде е епицентарот на земјотресите, беше владин тим и претседателот Ѓорге Иванов. Дирекцијата за заштита и спасување е на теренот и пружа помош на локалното население, кое поради страв втора ноќ е на отворено. Согласно потребите обезбедени се шатори, кревети и друг потребен материјал за населението од овој регион.
XS
SM
MD
LG