Достапни линкови

Хрватска не прифаќа измени во предлогот на ЕК за граничниот спор


Хрватска денеска ги отфрли измените во предлогот за посредување на Европската унија, кој има за цел ги обнови преговорите на Загреб со Унијата, блокирани од Словенија поради граничниот спор меѓу двете земји. Не ги прифаќаме измените, изјави хрватскиот премиер Иво Санадер, нагласувајќи дека Брисел го формулирал предлогот врз принципот „земи или остави“. Европската комисија минатиот месец предложи формирање на артбитражен суд за решавање на спорот. Загреб на почетокот на месецов го прифати тој предлог, но Словенија побара внесување на одредени измени во него.
XS
SM
MD
LG