Достапни линкови

logo-print

Во Битола споменик за Филип Втори, но не и за бранителите


Изграба на споменикот Филип Втори во Битола

Изграба на споменикот Филип Втори во Битола

Во Битола забрзано се гради споменикот на Филип Втори, додека изградбата на споменик на загинатите бранители во воениот конфликт во 2001-та година, никако да почне.

Семејствата на загинатите бранители од конфликтот во 2001-та година од Битола, веќе осум години чекаат градот во нивна чест да подигне достојно спомен обележје. Иако веќе три години родителите на бранителите водат разговори со битолската општина, до денес не е ставена ниту педа цемент од споменикот. Наспроти тоа изградбата на меморијалниот комплекс посветен на Филип Втори ги разбранува страстите. Битолската опозиција смета дека споменикот на бранителите е во сенка на Филип Втори:

„И дали изградбата на овој споменик конечно ја става ,,ад акта“ изградбата на споменикот за бранителите. Мора да имаме предвид дека изградбата на споменикот посветен на бранителите како идеа постои веќе три години, беше утврдена и локација во непосредна близина, можеби и на истата локација каде што сега се наоѓа споменикот на Филип Втори, но од за мене неразбирливи причини овој споменик не се изгради.“

Вели Златко Ќурчиев од СДСМ. Градоначалникот на Битола Владимир Талески им понуди на семејствата на бранителите место за
Дали изградбата на споменикот Филип Втори конечно ја става ,,ад акта“ изградбата на споменикот за бранителите?
споменикот веднаш до Филип Втори, или во рамки на партерниот простор:

„Не се работи за истата маркица, се работи за друга маркица, таа постои некаде во паркот кај Саат Кулата во центарот на градот имаше една идеја штом се заврши Филип Втори, доколку им се допадне ова што го правиме тогаш ќе посветиме еден дел за бранителите, до Филип Втори или кај Филип Втори.“

Вели Талески. Досега еднаш беше објавен конкурс за идејно решение за споменикот на бранителите, но на роднините не им се допадна избраната идеја бидејќи на споменикот не се распознавале ликовите на нивните загинати чеда. Од општината се расположени повторно да распишат нов конкурс во кого овој пат ќе се дефинираат попрецизно критериумите.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG