Достапни линкови

Стилот на облекување на вработените битен за имиџот на компаниите


Скопје
Скопје

Пропишано правило на облекување на вработените посебно се почитува во банкарскиот сектор во Македонија. Тоа велат од банкарскиот сектор е битно за имиџот на компанијата.

Секоја банка поради природата на работата има пропишан кодекс на облекување на своите вработени. Некои банки практикуваат униформи, а некои само деловна облека. Особено овие правила се однесуваат на шалтерските работници кои се во секојдневна комуникација со клиентите. Од прагот се познава куќата, па затоа вработените во Инвест Банка носат униформи, вели директорот на нивниот деловен центар Весна Стоилковска:

„Тоа е дел од еден имиџ кој што ќе каже дека не секој со својот имиџ може да биде дел од еден тим кој што треба да се претстави корпоративно, како што треба да функционира целиот имиџ на банката.“

Во Охридска банка се трудат да го зачуваат личниот стил на облекување, но тој треба да се базира врзодредени правила за облекување,
Секоја банка поради природата на работата има пропишан кодекс на облекување на своите вработени
вели менаџерот за комуникации во оваа банка Светлана Ристеска:

„Да го почитуваат и да го изразат својот личен стил на облекување, затоа што нели и персоналната компонента е битна.“

Граѓаните со поделени мислења:

„Посериозен е целиот амбиент, професионална е целата атмосфера.“

„И униформа би било убаво да носат, зошто да не.“

„Униформа не, ама деловно облекување да. Мислам дека сепак униформата е повеќе карактерстична за фабриките.“

Стилистот Александар Биљановски-Дадар, смета дека најважно е банкарите да имаат негуван и елегантен изглед:

„Имиџот, држењето на телото, стајлингот воопшто ќе ви каже доста работи за една личност со која што ќе седнете да одржите состанок. Секако треба да биде пријатен, културен и во најмала мерка, луѓето да бидат убаво средени.“
XS
SM
MD
LG