Достапни линкови

Седум лица загинаа во Авганистан


При експлозија на бомба поставена на пат во јужната авганистанска провинција Забул загинале четворица цивили, соопштија локални претставници. Во друг одвоен инцидент во провинцијата Хелманд во операција на американските сили против талибанските бунтовници, биле убиени три лица, додека една жена и дете биле повредени. Во соопштението од американските сили не е наведено дали убиените се милитанти или цивили.
XS
SM
MD
LG