Достапни линкови

Иран испратил воени бродови во меѓународните води


Иран испрати шест воени бродови во меѓународните води, вклучувајќи го и Аденскиот залив, покажувајќи ја својата способност да одговори на какви било надворешни закани. Ова го јави иранската новинска агенција ИСНА, пренесувајќи изјава од шефот на иранската морнарица адмирал Хабиболах Сајари. До соопштението доаѓа само пет дена откако Иран тестираше ракета со дострел од две илјади километри. Инаку, на почетокот од месецов Техеран испрати два воени брода во Аденскиот залив за заштита на иранските бродови, од пиратски напади.
XS
SM
MD
LG