Достапни линкови

Берзата се буди?


Брокер на американската берза

Брокер на американската берза

Тргувањето на Македонската берза се раздвижува од почетокот на овој месец. Интензивираното тргување, попознато меѓу брокерите како биков пазар, се одрази со зголемување на вредноста на индексот на десетте најликвидни компании. од шести мај до крајот на
Можам да кажам дека сеуште е многу рано да се каже дали е стабилизирана берзата. Вложувачите сеуште се воздржани, бидејќи порастот на МБИ 10, произлезе од малите колични на акциите, значи со многу мали количини на акции дојде до пораст на индексот на Македонската берза
минатата недела МБИ 10 затвораше во зелено. Исклучок беше петокот кога индексот загуби 1,18 проценти од вредноста.

Упатените велат дека ваквиот тренд се должи на еуфоријата која во периодов се појавила на светските берзи. Раздвижувањето на најголемите берзи во светот се проектираше на берзите во регионот, и на крај се отслика на берзата во земјава, вели Миа Зографска, извршен директор на „Иново Статус“

„Меѓутоа, можам да кажам дека сеуште е многу рано да се каже дали е стабилизирана берзата. Вложувачите сеуште се воздржани, бидејќи порастот на МБИ 10, произлезе од малите колични на акциите, значи со многу мали количини на акции дојде до пораст на индексот на Македонската берза.“

Зографска смета дека биковиот пазар во изминатава недела е знак дека македонската берза веќе не стагнира, што често беше случај од почетокот на годинава

„Можеме да кажеме дека МБИ 10 конечно дојде во позитива од почетокот на годинава. Меѓутоа, многу помалку од регионалните берзи, на пример, Црна Гора каде што има 40 насто плус, кај нас има мал плус, но доведува до воздржаност и
Се забележуваат некакви активности, со зголемен промет на одредени места, особено кај најпрестижните акции, кај некои од тие во МБИ 10, каде што е видливо зголемување на прометот
стабилизирање на пазарот на капитал.“

Активноста на македонската берза не се разликува значајно од тргувањето на берзите во регионот. За пример, хрватскиот индекс CROBEX од Јануари 2008 годиона затвораше со пониска вредност од македонскиот МБИ 10. Во Јануари годинава, состојбата се промени и хрватскиот индекс достигна повисока вредност од македонскиот, но генерално и двата индекси бележеа тренд на опаѓање, се` до средината на фебруари кога и двата индекси започнаа тренд на искачување.

Методиј Мајнов од „Мој Фонд“ вели дека самото покачување на индексот претпоставува зголемен обрт на пари на берзата, посебно во десетте најликвидни компании

„Се забележуваат некакви активности, со зголемен промет на одредени места, особено кај најпрестижните акции, кај некои од тие во МБИ 10, каде што е видливо зголемување на прометот.“

Инаку во текот на минатата недела на официјалниот пазар бил остварен промет од 63,5 милиони денари преку 524 трансакции
XS
SM
MD
LG