Достапни линкови

Меѓуетничките проблеми во Македонија се решаваат институционално


Собраниската сала
Собраниската сала
Степенот на ризичност врз интеграцијата мегу етничките групи во Македонија е многу помала отколку во земјите од регионот велат аналитичарите по предупредувањето на американскиот потпретседател Џозеф Бајден дека интеграцијата меѓу етничките групи на
Сите проблеми кои се појавија се решаваат внатре во институциите на власта и тоа за мене зборува за интегрираноста на малцинствата во општеството
Балканакот може да биде уште потешка од ставањето крај на војните во поранешна Југославија во 90 те години. Охридскиот рамковен договор го смири конфликтот мегу двете страни, овие неколку години имаше проблеми, како на пример излегување на партиите на Албанците од Собранието, и нивно вракање, имаше и неумерени изјави но најважно е дека успеавме проблемите да не се излеваат од институциите вели Професор Мирјана Малевска од Универзитетот на југоисточна Европа

„Сите проблеми кои се појавија се решаваат внатре во институциите на власта и тоа за мене зборува за интегрираноста на малцинствата во општеството. Можеби треба да се обрне внимание на помалите етнички заедници, да влијаат непосредно на одлуките.“

Пораката на Бајден на крајот од неговата посета на регионот која ги вклучи БиХ Србија и Косово според политичкиот аналитичар Алерт Мулсиу не дава основа за правење паралела меѓу српско косовскиот и македонско албанскиот конфликт.

„Тоа не може да се спореди. Во секој случај, Албанците во Македонија се вклучени во политичкиот и општествениот живот од 90, 91 година и политичките проекти и визии на Албанците во Македонија се интегративни.“
Во секој случај, Албанците во Македонија се вклучени во политичкиот и општествениот живот од 90, 91 година и политичките проекти и визии на Албанците во Македонија се интегративни


Сепак на внатрешен план и понатаму се отвора терен за нови политички прашања. Албнскиот политички блок деновиве покажува резерви кон охрисдскиот договор во поглед на динамиката на неговото остварување и иницира нови договори како политичка гаранција за рамноправноста на која инсистираат албанците.

„Некои работи не функционираат, исклучувањето на етничките прашања од политичката агенда, имаме релативизација на политичкото влијание на албанските партии во владата. Тоа автоматски рефлектира со иницирање нови договори.“

Треба да видиме како функцинира Рамковниот договор за евентулано да констирале дали е позитивен или или не односно дали е потребен евентуално нов договор но уште не е заврпен тој процес коментира Малевска:

„Децентрализацијата сеуште трае како процес. Од друга страна, правичната застапеност, тоа можеби не е пропорционално, но не ни може да биде наеднаш. Има проблем на невработеност на администрацијата итн, значи не е нешто што може да се реши преку ноќ“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG