Достапни линкови

Северна Кореа изврши нуклеарна проба


Северна Кореа соопшти дека денеска успешно извршила подземна нуклеарна проба. Севернокорејската официјална новинска агенција објави дека пробата била извршена со цел зголемување на одбрната на земјата. Во веста се додава дека експлозијата била многу посилна од првиот нуклеарен тест на Северна Кореа извршен во октомври 2006 година. Американскиот Геолошки институт соопшти дека денеска детектирал земјотрес во Северна Кореа со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Во Јужна Кореа веднаш е свикан националниот совет за безбедност, а Јапонија побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации. Рускиот амбасадор во Њујорк Виталиј Чуркин најави дека Советот денеска ќе расправа за новиот развој на настаните. Британија и Соединетите држави оценија дека пробата претставува јасно кршење на резолуциите на Советот за безбедност.
XS
SM
MD
LG