Достапни линкови

Хезболах ги отфрла обвинувањата за вмешаност во атентатот на Харири


Либанското движење Хезболах ги отфрли информациите објавени во германскиот весник Дер Шпигел дека стои зад атентатот на поранешниот либански премиер Рафик Харири што се случи во 2005-та година. Хезболах оценува дека станува збор за ,,фабрикувани“ информации со цел да се наруши неговиот имиџ, пред парламентарни избори следниот месец. Дер Шпигел во својот последен број објави дека информациите за вмешаност на Хезболах се засноваат врз извори блиски до специјалниот Трибунал на ОН што го истражува убиството на Харири и дека тоа било потврдено во интерните документи на ова тело.
XS
SM
MD
LG