Достапни линкови

logo-print

Претседателот на Светската Банка предупредува на социјална криза


Претседателот на Светска банка Роберт Зелик предупреди дека светската економска криза може да предизвика сериозна социјална криза.„Доколку не се преземат адекватни мерки светот ќе се соочи со голем ризик од социјална и човечка криза“, изјави Зелик во интервјуто за водечкиот шпански весник „ел Паис“.Според него, финансиската криза, која подоцна премина во економска криза, денеска преминува во криза на невработеноста. Зелик предупредува дека никој неможе да предвиди што ќе се случи во иднина, поради што треба да се биде подготвен за неизвесност.
XS
SM
MD
LG