Достапни линкови

logo-print

Бранко Црвенковски повторно претседател на СДСМ


Бранко Црвенковски повторно е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на денешниот деветти Конгрес на партијата во Скопје. Црвенковски во обраќањето пред делегатите во рамки на Конгресот рече дека СДСМ е во сериозна и долготрајна криза. Наша задача е да ја консолидираме партијата, со цел победа на следните парламентарните избори, рече Црвенковски. Тој најави и дефинирање и промоција на програмските определби. На дневен ред на Конгресот е и извештајот за неодамнешните претседателски и локални избори, а се очекува да биде констатирана и оставката на Централниот и Надзорниот Одбор на партијата.
XS
SM
MD
LG