Достапни линкови

18 американски војници во базата во Кувајт заразени со свински грип


18 американски војници во воената база во Кувајт се заразени со новиот вирус на свински грип, соопштија кувајтски здравствени претставници. Заменик министерот за здравство Јусуф Мендкар изјави дека војниците немале контакт со локалното населените, и дека сите 18-мина веќе ја напуштиле земјата. Американската амбасада во Кувајт информираше дека е запознаена со случајот, но не соопшти детали кога војниците биле заразени. Според последните податоци повеќе од 12 илјади лица во светот се заразени со вирусот на свински грип, а 86 починаа.
XS
SM
MD
LG