Достапни линкови

Во Копенхаген самит за климатските промени


Бизнисмени, научници и политичари на денешниот самит во Копенхаген ќе разговараат за начините на кои индустријата може да одигра клучна улога во борбата против глобалното затоплување. Учесниците на Самитот за климатските промени ќе се обидат да постигнат договор за намалување на емисијата на штетни гасови и ефектите на стаклена градина. Меѓу 700 делегати на самитот се и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо и поранешниот американски потпретседател Ал Гор.
XS
SM
MD
LG