Достапни линкови

Пакистанската армија убила 10 милитанти


Пакистанската армија соопшти дека убила 10 милитанти во последните 24 часа во северозападната Долина Сват, каде безбедносните сили водат битки со талибанските бунтовници за преземање на контролата врз главниот град во оваа област Мингора. Армијата информираше и дека 14 милитанти биле уапсени. Пакистанските безбедносни сили соопштија дека напредуваат во преземањето на контролата врз градот Мингора, а со бунтовниците се водат улични битки. Армијата зазела неколку клучни раскрсници и три најголеми плоштади во градот.



XS
SM
MD
LG