Достапни линкови

На што ќе штедат Македонците?


Пари и кредитни картички

Пари и кредитни картички

Според анкетата на ГФК групацијата поради кризата граѓаните ќе трошат помалку пари на телефон, облека, годишен одмор, посета на ресторани и кафулиња. Граѓаните велат, навикнати сме да штедиме

Од што ќе се откажат Македонците за време на економската криза? Според акентата што ја спроведе ГФК групацијата во февруари во нашата земја во над илјада семејства, граѓаните поради кризата најмалку пари ќе трошат на облека, годишен одмор, на забава и луксуз. Групацијата ги анализира пазарите и потрошувачите и каков ефект има врз нив кризата во повеќе од сто држави во светот. Во наредните шест месеци според конултатнтот за истражување во ГФК Боге Божиновски луѓето ќе заборават на оние работи, кои не им
Граѓаните на Македонија најмногу планираат да штедат во наредните шест месеци, на телефон, облека, одмори, излети, посета на ресторани, кафулиња итн. Всушност на оние ставки кои што се нарекуваат луксузни ставки и кој што се први на удар при евентуална криза
се неопходни во животот.

„Граѓаните на Македонија најмногу планираат да штедат во наредните шест месеци, на телефон, облека, одмори, излети, посета на ресторани, кафулиња итн. Всушност на оние ставки кои што се нарекуваат луксузни ставки и кој што се први на удар при евентуална криза.“

Граѓаните велат дека единствено нема да штедат само на храна:

„На се што е непотребно, а на храна ќе се троши највеќе бидејќи е потребно заради здравјето.“

„На облека, бензин, годишен одмор ќе скратиме, а храната ќе остане исто.“

„Не одам на годишен одмор, а на храната неможам да штедам, затоа што тоа е приоритет, затоа што ако не се храните добро можете побрзо да отидете кај св. Петар.“

„Па штедиме од се помалку за да преживееме, конфекција не купуваме ништо и така.“

Македонските граѓани се навикнати да се справуваат и со потешки работи од економската криза. Во нашата земја кризата не е ништо ново за луѓето, тие се научени да внимаваат на што ги трошат парите вели професорот по социологија Ѓорѓи Тоновски.

„Долго време Македонија е на некоја ивица меѓу анбисот на кризата и она што би значело некое понормално живеење. Штедењето е длабоко всадено во македонскиот амбиент и во однесувањето на луѓето во Македонија.“

Светската економска криза се повеќе се чуствува и зема замав и во нашата земја. Во последните неколку месеци се повеќе луѓе остануваат без работа, особено во индустријата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG