Достапни линкови

Муса Џафери, министер за локална самоуправа


Муса Џафери
Муса Џафери

Владината коалиција меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ функционира, но може да биде и поефикасна. Проблемот со името треба да биде решен што поскоро, бидејќи ги кочи најважните процеси

Дали има проблеми во функционирањето на коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ?

Прво ако смеам би рекол дека не би требало да се поставуваат вакви прашања. Пристапот би бил поинаков, бидејќи станува збор за владина коалиција, две големи партии кои се во коалиција врз централна програма и првично ситуацијата покажа дека треба да се усогласуваат две предизборни програми, да се најдат централните теми кои што ги усогласуваат партнерите и врз тоа се составува програмата секоја година, и тука се најдовме и функционира коалицијата. Можеби има простор да се дебатира колку оваа коалиција е ефикасна и каде би имале уште барања или би требало да се инвестира за да бидеме подинамични во спроведувањето на владината програма во која дел се и партиските програми на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Прво, овие две партии за прв пат се заеднички во власта и додека да се запознаат и да се постигне ниво на доверба, во секоја работа, па така и во власта има и начини како треба да се комуницира и врз основа на тоа да се биде поефикасен. Има сигурно и некои технички и комуникациски потешкотии што незначи дека тоа се политички потешкотии. Има многу области каде што може да се подобри соработката за да биде поефикасна владата.

Според неофицијални информации вие сте еден од министрите, кои премиерот сака да ги смени од функција. Кој е вашиот коментар?

Прво, јас не сакам да шпекулирам бидејќи имам добра комуникација со премиерот и другите министри. Ако некои незадоволства има или пак некои проекти неодат согласно предвидената динамика, тогаш за тоа треба да разговараме лично, и тоа не е тема за шпекулации во медиумите.

Musa Dzaferi
Од вашата партија имаше препорака до ВМРО ДПМНЕ да не се одолговлекува решавањето на спорот со името. До кога ДУИ е подготвен да чека?


Прво не е битно дали ДУИ може или неможе да чека. Ние како партија даваме приоритет за тоа, заради тоа што сме свесни како и цела останата јавност, дека спорот околу името со Грција, односно изнаоѓање решение, ги кочи нашите најважни процеси како интегрирање на нашата држава во НАТО, ЕУ и други процеси. Затоа ние мислиме дека треба да ја динамизираме таа тема и да се најде компромисно решение во кое нема да има губитници.

Едно од недоразбирањата во владеачката коалиција беше воспоставувањето дипломатски односи со Косово. Дали сте информирани кога тоа ќе се случи?

Тоа е во тек. Јас мислам дека оваа влада имаше храброст за релативно кратко време да го признае независно Косово, како прв сосед, што од политички аспект не беше лесно за оваа влада, бидејќи сме свесни дека имаме еден друг сосед, кој што е многу директен во врска со оваа тема, Србија, и требаше нашата влада да балансира меѓу овие два соседа и тоа досега беше успешно. Во тек се некои технички други работи што треба да се исполнат и јас сум убеден дека за кратко време, недели или месеци, не е толку битно, ќе воспоставиме и дипломатски односи што ќе биде позитивно и за нас и за деблокирање на некои процеси од регионален аспект.

На последните избори посебно се актуелизираше прашањето за партиските вработувања. Дали јавната администрација е преплавена со партиски кадри?

Од еден аспект, тоа е еден начин што кај нас се практицира, а тоа е вработување врз основа на Договор за дело, новите градоначалници можат да не се оптеретуваат со тоа, бидејќи траат само три месеци, импровизирам. Тие кои се вработени по нормална процедура треба да останат, можеби тие кои што ги водат некои сектори и јавни и комунални претпријатија, е во можност на новите градоначалници да ги сменат. И тука тие треба да внимаваат дали ќе ги сменат со некои подобри менаџери или ќе има грешки, а тоа ќе влијае врз целото нормално спроведување на обврските во општините.

Дали ДУИ е задоволен од тоа како се трошат парите од буџетот?

Тоа е едно прашање каде може многу да се шпекулира. Секогаш има простор да се подобри начинот, или во моментот кој се најбитни или најприоритетни обврски на државата да се најде најдобриот начин дали тоа е поефикасниот начин на трошење на буџетските пари. Јас мислам дека ние се трудиме буџетските средства да се трошат што е можно поефикасно, во момент на глобална економска криза, заради тоа што ќе има дефицит.

До каде е реализацијата на Охридскиот договор и дали ВМРО ДОМНЕ ги исполнува обврските утврдени со Мајскиот договор?

Прво Охрдискиот договор е дел од нашиот Устав, а преку тоа во многу закони, значи не е дел од политичката воља на една партија туку се уставни, законски обврски. ВМРО ДПМНЕ свесно прифатил и нема некој судир во тој правец, ние сме свесни дека тоа е една широка тема, и дека постојано може да се дебатира дека некој е за, а некој против Рамковниот договор и во тој правец досега немаме тешкотии со коалициониот парнтер, во правец на спроведување. На таа тема може да се дебатира зависно во кој сегмент, можеби има различни толкувања на некои сегменти, но јавното мислење кај политичките партии е зрело дека Рамковниот Договор е дел од нашиот политички систем и тоа треба да се реализира бидејќи е добро за целиот политичко-општествен систем бидејќи ние немаме некое подобро решение. Можеби има некое различно гледање од страна на ДУИ или ВМРО ДПМНЕ или можеби од други политички партии, дали оваа динамика е најдобра, тука можеби може да се разговара, но централно Рамковниот договор е прифатлив за најважните политички партии и владеачката ВМРО ДПМНЕ и ние сме дел од таа коалиција и во тој правец се спроведуваат обврските зависно од приоритетите кои што се внатрешна политика на коалиционите партнери.
XS
SM
MD
LG