Достапни линкови

logo-print

Фејсбук ќе истражува дали е забранет во Иран?


Популарниот интернет сајт Фејсбук, соопшти дека ги истражува информациите дека во Иран бил забранет пристапот до сајтот и вооедно изрази ,,разочараност“ за таквата можна одлука. Иранските медиуми јавија дека властите во Техеран настојувале да се блокира пристапот до Фејсбук пред претседателските избори што треба да се оддржат на 12-ти јуни, за наводно спречување на приврзаниците на опозициониот кандидат Хусеин Мусави да ја користат оваа веб страница за подобрување на неговата кампања. Мусави е еден од противкандидатите на актуелниот претседател Махмуд Ахмадинеџад во претседателската трка.
XS
SM
MD
LG