Достапни линкови

Денеска самит меѓу Иран, Авганистан и Пакистан


Денеска во Техеран ќе се оддржи самит меѓу претседателите на Авганистан, Пакистан и Иран. Претседателот на Пакистан Асиф Али Зардари, авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад се очекува да разговараат за мерките во борбата против талибанските милитанти во Авганистан и Пакистан како и за економската соработка. Состанокот првично беше планиран за 19-ти мај, но беше оддложен поради презафатеност на пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари, чија војска веќе неколку недели спроведува операција против талибанските бунтовници во северозападните делови на Пакистан.

XS
SM
MD
LG