Достапни линкови

Денеска во Рим молебен на гробот на Св.Кирил


На гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ денеска - 24 Мај кога се одбележува Денот на сесловенските браќа светите Кирил и Методиј ќе се одржи молебен со кој ќе чиноначалствува поглаворот на Македонската православна црква г.г. Стефан. На службата во базиликата „Сан Клементе“ ќе присуствува и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов кој ја предводи државно-црковната делегација на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“. Со денешниот настан завршува неколкудневната манифестација што по 41. пат се одржува во негова чест во Рим.
XS
SM
MD
LG