Достапни линкови

Пакистанската армија зазела некои делови од градот Мингора


Пакистанската армија соопшти дека ја презела контролата врз неколку клучни раскрсници и плоштади, во битките со талибанските бунтовници во помалиот град Мингора, во Долината Сват. Портпаролот на армијата Атар Абас предупреди дека операцијата ќе биде побавна, бидејќи безбедносните сили настојуваат да избегнат цивилни жртви. Од почетокот на офанзивата на пакистанската војска против талибанците, како што е соопштено се убиени илјада бунтовници, а околу 1,7 милиони лица ги напуштија своите домови.
XS
SM
MD
LG