Достапни линкови

Состанок Јужна Кореја-ЕУ


Лидерите на Јужна Кореја и Европската Унија денеска изразија подготвеност за што побрзо склучување на договорот за слободна трговија, а воедно ја повикаа Северна Кореја повторно да се приклучи во преговорите за нуклеарно разоружување. На денешниот состанок во Сеул присуствуваа јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг-Бак, претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо и чешкиот претседател Вацлав Клаус, чија земја претседава со Унијата. Лидерите разговараа и за безбедноста на Корејскиот полуостров, економската криза и климатските промени.
XS
SM
MD
LG