Достапни линкови

Бан Ки Мун вознемирен од глетката во бегалскиот камп во Шри Ланка


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека е многу ,,вознемирен“ од она што го видел во бегалскиот камп Маник Фарм, во кој што се сместени раселените лица, кои ги напуштија своите домови поради неодамнешните судири меѓу бунтовничките Тамилски Тигри и безбедносните сили на Шри Ланка. Овие огромни предизвици ќе можат да се надминат само со помош на меѓународната заедница, изјави Бан Ки Мун ветувајќи помош за околу 300 илјади бегалци во Шри Ланка. Тој е првиот странски претставник кој ја посети Шри Ланка откако минатата надела властите прогласија победа над Тамилските Тигри, по 25 годишни борби.
XS
SM
MD
LG