Достапни линкови

Хорст Келер повторно избран за претседател на Германија


Хорст Келер, повторно е избран за претседател на Германија, добивајќи на денешните избори уште еден пет-годишен мандат. Келер кој доаѓа од Христијанско-демократската унија на Ангела Меркел, освои мнозинство гласови во рамки на гласањето на специјалното тело, составено од 612 членови на Бундестагот и 612 јавни личности, кои го избираат претседателот на државата. Противкандидат на Келер беше пензионираната професорка Гесине Шван од Социјал-Демократска Партија.
XS
SM
MD
LG