Достапни линкови

Израел пречка за постигнување мир на Блискиот Исток


Сирискиот претседател Башар ал Асад го отвори состанокот на Организацијата Исламска Конференција што се оддржува во Дамаск порачувајќи дека Израел претставува ,,голема препрека“ за постигнување мир на Блискиот Исток. Сирија на почетокот од годинава ги замрзна разговорите со Израел, што се водеа со посредство на Турција, поради израелската офанзива врз Газа. Инаку во Организацијата Исламска Конференција членуваат 57 земји, а на состанокот наречен ,,Промоција на исламската солидарност“ ќе се разговара за арапско-израелскиот конфликт, сутацијата во Ирак, Сомалија и Судан.
XS
SM
MD
LG