Достапни линкови

Нов инцидент во Атина против муслимани


Најмалку три лица биле хоспитализирани изутринава во Атина со проблеми на респираторните органи, откако непознати напаѓачи фрлиле молотов коктел во продавница, која се користела како место за молитва на муслиманските имигранти.
Грчките медиуми јавуваат дека никој од ранетите не е во животна опасност.
Нападот е извршен еден ден по сериозните судири меѓу грчката полиција и муслиманските имигранти, кои протестираа во центарот на Атина, поради тоа што еден грчки полицаец наводно при рутинска контрола уништил примерок од светата муслиманска книга - Куранот. Претседателот на Унијата на муслиманите во Грција Наим Елгхандур изјави дека полицијата им ветила оти ќе го соопшти името на полицаецот, кој тоа го сторил, со цел да биде покрената тужба против него.
XS
SM
MD
LG