Достапни линкови

Македонија во чест на Свети Кирил


Во Рим продолжува манифестацијата Македонија во чест на Свети Кирил, чиј културен дел завршува вечер со концерт на женскиот хор при Младинскиот културен центар. Македонската делегација во Рим ја предводи претседателот Ѓорѓе Иванов. Синоќа беше отворена изложбата Македонија низ вековите, а актерот Петар Темелковски ја изведе монодрамата Филип Фтори. Утре на гробот на Свети Кирил во базиликата Сан Клементе, ќе се одржи молебен со кој ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ, господин, господин Стефан.
XS
SM
MD
LG